Оди Трпе во Египет на одмор и плива по Нил. Плива тој така кога пред него излегува крокодил, а тој: - Немој Лакоста, жити мајка!
Трпе ја носи жена му на доктор. - Трпе ви честитам , ќе станете татко. - Ама како, јас внимавав, многу внимавав. - Е па Трпе, тоа ти е исто како во сообраќајот, ти ќе внимаваш ама друг ќе налета. Одат двајца пијаници по пруга. - А бре скаливе многу високи!? - Не се секирај, ене го лифтот доаѓа.
Трпе фатил такси, ама имал само 30 денари и го молел таксистот за тие пари до дома да го однесе. Таксистот на тоа возбудено: - Јас треба на децата леб да им купам. - Е добро де, ќе почекам, не се брзам толку!
Зошто мажите секогаш "трчаат" по девојки... што не планираат брак? - Па и кучињата што трчаат по автомобилите... немаат намера да возат